Според годишниот извештај на Комерцијална банка граѓаните и фирмите чуваат депозити во врдност од 91,4 милијарди денари или речиси 1,5 милијарди евра. Од банката во овој извештај објаснуваат дека вкупните депозити во првата половина од годината имаа тренд на намалување заради продолжената политичка криза во земјата.
„Веќе во втората половина на годината состојбата се стабилизираше и, на крајот од годината, депозитите се зголемени во однос на 2016 година за 4,5% или за 3,9 милијарди денари.
Главен двигател на порастот на вкупните депозити се депозитите по видување во чии рамки најзабележителен е порасот на состојбата на денарските и девизни тековни сметки на домаќинствата и девизни тековни сметки на нерезиденти правни лица. Од аспект на валутната структура, значајно е дека денарските депозити бележат позабрзана динамика на пораст во однос на девизните“, се вели во извештајот.