Над 100 млади земјоделци добиваат по 10.000 евра. Парите се неповратна помош од државата. Наменети се за сите кои ќе почнат сопствен бизнис, ќе го прошират постојниот или ќе инвестираат во машини за да го зголемат производство. Интересот за оваа мерка е голем затоа и сумата која во иднина на истава намена ќе ја добиваат младите земјоделци ќе биде двојно поголема.
Преку поддршка на младите земјоделци, државата се обидува да ги спречи да се иселат. Затоа и условите за учество на огласот биле едноставни. Тие треба да достават бизнис план во кој ќе наведат за што им се потребни парите.
Оливера е една од земјоделците кои денеска потпишаа договор со државата. Таа со парите ќе го модернизира производство на зеленчук, но и ќе го шири бизнисот.
Ова е втор повик за помош на младите земјоделци. Вкупно 526 лица досега добија поддршка од државата.