Првата телевизиска реклама се емитуваше на 1 јули 1947 година во Америка, на Ен-Би-Си. Тоа е реклама на марката Булова, која продава накит и часовници.

Оваа реклама беше прикажана за време на игра во бејзбол за само неколку илјади луѓе, онолку колку што имаа телевизор во тоа време.

Цената на оваа реклама беше цели девет долари. До 1950-тите и 1960-тите години, се додека телевизијата не стана масовна појава, телевизиското рекламирање беше ретка појава.

Со зголемувањето на гледаноста, напредокот на техничката страна на оваа форма на маркетинг, телевизиските реклами денес чинат многу пати повеќе.