Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија ги објави ТОП 100 најуспешните албански компании во Македонија.
Компаниите се рангираат врз основа на пет клучни индикатори, како што се: годишниот приход, нето-добивката, бројот на вработени, инвестиции и „ROE“ (поврат на капитал).
Подолу се рангирани петте најуспешни компании од листата:
Компанијата што ја доби првата награда оваа година и беше прогласена за најуспешна компанија за 2017 година е компанијата „НЕПТУН“.
Како втора најуспешна компанија беше прогласена „КИППЕР“ (KIPPER), а на трето место беше компанијата „БАС ТУТИ ФРУТИ“ (BAS TUTI FRUTI).
„ПОФИКС“ (POFIX) компанијата оваа година е рангирана како четврта најуспешна компанија во Македонија, додека петтата награда ја доби „ВАРДАР ДОЛОМИТ“ од Гостивар.
Оваа година, Стопанската Комора на Северо-Западна Македонија за време на манифестацијата додели награди и во три категории: за најбрзорастечката компанија во последните три години, компанијата „АЛА“ од Струга, компанија за успешна трансформација на бизнисот, „АДЕЛ ХОЛДИНГ“ од Тетово и компанија за најбрзо проширување на глобалните пазари „Куантум“ од Скопје.