Со 1,5 милион евра ќе се подобрува инфраструктурата во руралните општини. Потпишани се првите договори со градоначалниците на Крушево, Велес, Кратово, Чешиново – Облешево, Сопиште, Виница ,Берово, Новаци, Македонски брод, Планцица и Дебар, кои за реализација на капиталните проекти, уште денеска можат да добијат аванс од 20% од сумата за која аплицирале. Најголем дел од парите се наменети за изградба на патишта.
„Доколку се ви е подготвено, технички веќе од овој момент можете да отпочнете со градба на проектите за кои денеска потпишавте договори.. Радува фактот што покажавте голем интерес за искориствање на средства преку овие мерки и некои од општините аплицираа и добија поддршка за еден, некој по два или три проекти“, потенцира директорот на Платежната агенција Николче Бабовски
Со изградба на инфаструктурата ќе се подобри квалитетот на живеење на жителите во општините и на тој начин ќе се спречи миграцијата од руралните средини.
Овие средства општините ќе ги инвестирани во капитални инвестиции за подобрување пред се на локалните патишта во руралните средини, инвестиции во канализациона инфраструктура, партерно уредување во руралните средини, изградба и реконструкција на мостови, за развој на одредени туристички точки кои што можат да бидат интересни како за домашните така и за странските туристи“, дополни министерот за земјоделие Трајан Димковскиштини.
Во наредниот период ќе се потпишат договори и со останатите , вкупно 80општини, за што се обезбедени над 38 милиони евра буџетски пари.