ВАШИНГТОН – Американскиот претседател Доналд Трамп во саботата рече дека нема потреба да се задржи Канада во Северно-американскиот договор за слободна трговија го предупреди Конгресот да не се меша со трговските преговори или целосно ќе го прекине трилатералниот трговски пакт.
“Нема политичка потреба за задржување на Канада во новиот договор за НАФТА. Ако не направиме фер договор за САД по неколкудецениска злоупотреба, Канада ќе биде надвор”, рече Трамп на Твитер.
“Конгресот не треба да се меша со овие преговори или едноставно ќе го прекинам NAFTA целосно и ќе биде многу подобро”, додаде тој.
Трамп во петокот го извести Конгресот дека има намера да потпише билатерален договор со Мексико, откако спорните разговори со Канада завршија во петокот без договор за обновување на НАФТА. Трамп го објави договорот со Мексико во понеделникот.
Пратениците во петокот предупредија дека договорот со Мексико би можел да се бори да добие одобрение од Конгресот, освен ако не е вклучена и Канада. Поддршка од демократите ќе биде потребна за да се донесе чисто билатерален договор, рекоа тие.
Трамп во понеделникот се закани дека ќе ги обнови тарифите на автомобилските производи произведени во Канада, ако Канада не им се придружи на разговорите за обновување на НАФТА, што тој постојано го критикуваше. Трамп во саботата, на својот Твитер, ги повтори неговите напади врз НАФТА – како причина од која резултирала загуба на работни места и бизнис во САД.