12 проценти од граѓаните во земјава немаат доволно средства за храна, а само еден процент од вкупното население може да си дозволи да си купи стан или викендичка. Ова се дел од резулатите од истажувањето за финансиска писменост презентирани од страна на асоцијацијата на финансиски друштва. Претходните 12 месеци само шест проценти од граѓаните решиле да зема кредит од небанкарско финансиско друштво, а високи 52 проценти не користеле користеле ниту една финансиска услуга во изминатите три години.
Само еден процент од граѓаните во земјава може да си дозволат да купат стан или викендичка, 57 отсто имаат доволно за храна и облека, 12 проценти немаат доволно средства ниту за храна, 44 проценти немаат средства за штедење.
Ова се резултатите од истражувањето за финансиска писменост кое е спроведено од Истражувачкиoт институт – Тим институт, а денеска беа претставени од Асоцијацијата на финансиски друштва, која е барател на истражувањето.
Филип Димитровска, претседател на Асоцијацијата, потенцира дека иако голем дел од населението немаат средства, истражувањето покажува дека мал дел од нив ги користат расположливите финансиски услуги, но во исто време и не располагаат со информации за можностите што им се нудат.
– Тоа е евидентно во резултатите – само 6 отсто зеле кредит од небанкарско финансиско друштво во изминатите 12 месеци и високи 52 отсто не користеле ниту една финансиска услуга од понудените во изминатите три години.
Димитровски посочи на растот на финансиските друштва, кои пак учествуваат само со 0,44 отсто од финансискиот сектор. Го наведе податокот од истражувањето дека две третини од оние што зеле кредит од финансиско друштво се изјасниле дека доколку тоа не постоело, ќе позајмеле од роднини или пријатели.