(Време за читање 9 минути)

 

 

 

Во претходниата статија ви кажав малку повеќе за технологијата Блокчејн со едноставни зборови. Што е блокчејн, како тој функционира, различните видови на блокчејн и можноста дека повеќето од бизнисите ќе бидат погодени од блокчејн технологијата. Денешната статија се однесува на 12-те топ блокчејн компании.

Кога размислувате за блокчејн , прво нешто што ви паѓа на ум е Биткоин. Иако оригиналниот збор што го користеше Сатоши Накамото кога го опиша биткоин протоколот беше “синџир на блокови”. Бидејќи Биткоинот претставува и првата валута и платформа што употребила блокчејн, после него се појавија голем број на други блокчејни.

Еве ги 12-те Топ Блокчејн Протоколи:

 

  1. Биткоин (Bitcoin)

Како што споменав во претходните статии биткоинот е првата децентрализирана валута без учество на среден човек или трета страна. Биткоинот вклучува технологии како што се: хаш, дигитален потпис, јавен клуч криптографија, P2Pи доказ за работа за копањето, што им овозможува на корисниците да создадат Биткоини.

Оваа мешавина на технологија има развиено механизам со кој се спречува дуплирање на плаќањата и фалсификување. Дополнително, овој механизам ги спречува злонамерните корисници, кои се критични за секој оперативен систем – како оној за електронските пари, кој нема централна власт.

 

 

  1. Етериум (Ethereum)

Етериумот е јавен блокчејн со отворен код кој што е добро познат по своите паметни договори. Договорите се апликации кои работат програмирано и со минимално мешање од некоја трета страна или цензура.

Договорот е фраза за да се опише компјутерскиот код, кој може да ја олесни размената на пари, содржината, имотот, акциите или нешто друго што има некаква вредност. Бидејќи паметните договори работаат на блокчејнот, тие работаат точно како што се програмирани без можност за цензура, прекини, измами или мешање од страна на трети лица.

Се карактеризира со своја валута позната како Етер и Етериум паричник. Етериумот им овозможува на програмерите да креираат децентрализирани апликации, како и демократски автономни организации.

 

  1. Рипл (Ripple)

Протоколот за транскакција на Рипл (RTXP), започна во 2012 година и е развиен врз основа на консензус за дистрибуција со отворен код, интернет протокол и домашна валута наречена Рипл(XRP). Рипл овозможува моментална, сигурна и ниска глобална финансиска трансакција на секое ниво.

Рипл поддржува токени што може да се користат за рамни и криптовалути, стока или други вредносни единици како што се: минути за мобилни, авионски миљи итн. Рипл е восуштина изграден за банките, за платен промет, размена на дигитални средства и корпорации кои може да го користат Риплнет за да испраќаат пари на глобално ниво.

Се очекува да биде третата најголема криптовалута во однос на пазарната капитализација, по Биткоин и Етериум.

 

  1. Хајперлеџер (Hyperledger)

 

Хајперлеџер претставува блокчејн платформа со отворен код, кој започна во 2015 година од страна на Фондацијата Линукс. Тој се фокусира на леџерите(книгите)кои се насочени кон поддршка на меѓународните деловни трансакции, водечките угостителски финансии, технолошките бизниси и бизнисите за снабдување се со цел да се подобрат многу сигурносни аспекти и перформанси.

Заедничкиот напор е да соберат луѓе од различни индустрии за да ги унапредат своите блокчејн технологии. Се мисли на финансиски институции, банкарството, IoT (Интернет на нештата), бизнисите за снабдување, производството и технологијата. Хајперлеџер до сега има многу проекти. Некои од неговите карактеристики вклучуваат поддршка за Питон (Python) програмскиот јазик, политиките за одобрување за трансакции и високо доверлив канал за приватно споделување на информации.

 

  1. Опенчејн (Openchain)

 

Опенчејн или отворен синџир претставува блокчејн технологија со отворен код и дистрибуиран леџер (книга), а овој блокчејн се разликува од другите бидејќе користи поделен консензус. Oпенчејн спаѓа во групата на блокчејн технологија, но ако го земете зборот блокчејн буквално Опенчејн не е блокчејн, туку негов близок роднина.

 

Блокчејнот (Блок-синџир) е структура на податоци која нарачува блокови на трансакции и ги поврзува овие транасакции криптографски преку хаширање. Oпенчејн не го користи концептот на блокови. Трансакциите се директно врзани една со друга и повеќе не се групираат во блокови. Бидејќи групирањето на трансакциите вклучува задоцнување, иако некои системи успеваат да го намалат времето на блокот на само неколку секунди, тоа се уште е долг временси период, особено за тргување.

 

Во Oпенчејн трансакциите се поврзани со ланецот веднаш штом ќе бидат доставени до мрежата. Опенчејн евосостојбада ја потврди трансакцијата во реалновремеЗатоапосоодветен термин за OпенчејнбибилТрансакцискичејн наместо Блокчејн.

 

Опенчејн е многу безбеднен и погодед за организации кои сакаат да издаваат и да управуваат со дигитални средства.

 

  1. ИОТА (IOTA)

 

ИОТА беше претставен во 2014 година и претставува единствената технологија од ваков вид. ИОТА користи дистрибуирана книга наречена Тенгл (Tangle) , што е далеку понапредно. Во ИОТА нема копање, нема блокови, нема такси за трансакции. ИОТА дистрибуира консензус и користи нешто слично на хаш тагови за доказ за работа. Самиот Тенгл го претставува главниот леџер(книга) за складирање трансакции. Бизнисите не само што можат да ги истражуваат новите бизнис модели, туку и да тргуваат со технолошки ресурси на отворен пазар без надоместоци.

Додека светот ја охрабрува размената на економијата во секој поглед, повеќето предмети остануваат неактивни во поголемиот дел од времето. Преку ИОТА, тие можат да се изнајмат и споделат, без разлика дали станува збор за апарати, алатки, беспилотни летала, е-велосипеди, ресурси за компјутерско складирање, пресметковна моќност и Wi-Fiопсег итн.

 

  1. ЛИСК (LISK)

 

Лискбешепретставенпредпомалкуод2 години. Лиск дозволува развој на децентрализирани апликации во (JavaScript). Тоj е на патот да биде првиот успешен блокчејн од ваков вид. Идејата зад Лиск е дека секоја блокчејн апликација се наоѓа на својот сопствен спореден блокчејн, одвоена од главниот блокчејн.

 

Придобивките од ова ќе бидат решавање на проблемите на приспособување со кои се  соочуваат многу од криптовалутите, како што Биткоин и Етериум, а исто така им овозможува поголеми прилагодувања на одредени споредни страни, што не може да се направи на други платформи.

Првичната понуда на монетата (ICO) на Лиск беше втората најуспешна криптовалута финансирана од страна на толпата после Биткоин. Оваа валута успеа да собере 14.000 Биткоини. Брзо по започнувањето на тргувањето, Лиск беше втората најпопуларна тргувана валута по Биткоин .

 

Ликс користи алгоритам за DPOS (Делегиран доказ за вложување), првично креиран од БитШерс (BitShares). Разликата од регуларниот POS(Доказ за вложување) е дека само 101 делегат (утврдени со гласачка тежина на гласачите) активно ја обезбедуваат мрежата. Лиске бавна, но постојана компанија. Само времето ќе покаже дали оваа компанија ќе има важна улога во светот на криптовалутите.

 

  1. Хајдрачејн (HydraChain)

 

Хајдрачејн е продолжување наплатформата Етериум која додава поддршка за креирање на дозволи за распределени леџери(книги). Хајдрачејн исто така, овозможува развивање на сопствени приватни блокчејни, каде што дозволите за пристап се поцврсто контролирани ,со право да ја модифицираат дури и да ја прочитаат блокчејн состојбата која е ограничена на неколку корисници. Ваквите функции се важни за финансиските институции, каде што можат да развијат блокчејни каде што консензусот е контролиран од претходно избраниот сет на јазли.

 

На пример: 20 финансиски институции може да работат на јазли, а 15 од нив мора да го потпишат секој блок, така што блокот ќе биде валиден. Правото на читањето на блоковите може да биде приватно, јавно или ограничено на некои учесници. Многу аспекти на системот може да се прилагодат за да ги задоволат потребите на одредена институција.

Поставувањето на тест мрежа може да се направи со речиси нула конфигурација. Тој е целосно компатибилен со Етериум протоколот и е со отворен код.

 

  1. Корда (Corda)

 

Корда е платформа со отворени вид на дистрибуирани леџери(книги). Корда е изградена од страна на R3 (технологијата за дистрибуирани бази на податоци), и претставува протокол кој се користи за снимање, надгледување и синхронизација на финансиските договори меѓу регулираните финансиски институции.

 

Корда главно била изградена од и за светските финансиски институции, но може да се применува во повеќе индустрии. Корда е децентрализиран систем на бази на податоци во кој меѓусебните јазлите се доверливи што е можно помалку.Сите трансакции во Корда се потврдени од страна на страните вклучени во трансакциите, наместо од страна на непознати потврдувачи. Консензусот се постигнува на ниво на поединечни договори, а не на системско ниво.Исто така, директно им овозможува контрола на регулаторните и надзорните јазли.Корда нема своја криптовалута.

 

  1. Симбионт Дистрибуиран Леџер (Symbiont Distributed Ledger)

 

Симбион беше воведен во 2016 година. Неговито леџер (книга) може да обработува 80.000 трансакции секоја секунда во локална мрежа со повеќе јазли. Симбион е насочен кон институции за да им овозможи сложени финансиски инструменти. Исто така, овозможува заштеда на трошоците и споделување на деловната логика и податоците за пазарот.

Симбионт е пионер во користење на технологијата за паметни договори за институционалните финансиски пазари и во 2017 година му беше доделена наградата(Buy-sidetechnology/Технологија за купување) како најдобар дистрибутер на леџер технологијата.

 

Од 2016 година Симбионт работи со државата Делавер за да го подобри управувањето со капитализацијата, комуникацијата со акционерите и регулаторна усогласеност во основањето. Исто така , соработува со ” Gemalto “, меѓународна компанија за дигитална безбедност која обезбедува софтверски апликации и е најголем светски производител на SIM картички.

 

  1. Чејн (Chain)

 

Чејн e компанија за технологија  која соработува со организации за градење, распоредување и управување со блокчејн мрежи.Овој блокчејн е домаќин на голем број на средства, вклучувајќи хартии од вредност, деривати, поени на лојалност, подарок картички и валути. Чејне автор на Протоколот Чејн, кој ја овластува блокчејн платформата на ЧејнКор (ChainCore).

 

Со КорЧејн претпријатијата можат да издаваат и пренесуваат финансиски средства на дозволените блокчејнмрежи. Институциите можат да го користат за да започнат своја блокчејн мрежа или да се поврзат со растечката листа на други блокчејн мрежи што се користат за префрлање на средства низ целиот свет.

 

(ChainCoreDeveloperEdition) е бесплатен, но има (ChainCoreEnterpriseEdition)за организации кои сакаат да работат со(ChainCore) во производните средини.

 

Иако создавањето, контролата и трансферот на средствата се децентрализирани меѓу учесниците, мрежата е управувана од назначен сет на субјекти познати како федерација.

 

  1. БигЧејнДБ (BigChainDB)

 

БигЧејнДБ е систем со отворен код кој започнува со голема дистрибуирана база на податоци.

Потоа додава блокчејн карактеристики, вклучувајќи децентрализирана контрола и пренос на дигитални средства.

 

Со платформата, програмерите можат да распоредат платформи и апликации со високо прилагодлив блокчеин на база на податоци. БигЧејнДБ поддржува создавање на сопствени средства, трансакции , дозволи и транспарентност.

 

Овозможува поставување дозволи на ниво на трансакција и ги поддржува и приватните и јавните мрежи. Друга карактеристика е моделот на Консензус на Федерација.

 

 

 

Ова се најдобрите 12 блокчејн технологии на кои што наидов и сакав да ги споделам со вас.

Ве молам, немој да ми замерите доколку пропуштив некои други блокчејни. Како што можете да видите, повеќето од нив нудат некое решение за одреден проблем Некои од нив имаат своја криптовалута, а некои немаат и едноставно дејствуваат како блокчејн. Без оглед на тоа, оваа нова технологија доаѓа во нашиот живот на голема врата. Најверојатно сите организации, бизниси, институции ќе бидат дел од некој вид на блокчејн што најдобро одговара за нив во иднина.

 

Ви благодарам што читавте

Следете ме на Фејсбук:  http://bit.ly/2zDUBpp

Регистрирајте се на мојот блог:  https://darkokipariz.blogspot.com/