Владата на вчерашната седница предвиде 14,9 милиони денари за финансирање на повеќе инфраструктурни проекти во ромските заедници во Крива Паланка, Кавадарци, Прилеп, Кочани, Ранковце, Делчево и Шуто Оризари.
На предлог на Министерството за транспорт и врски, Владата донесе одлука за распределба на средства од Буџетот за 2021 година за поддршка на имплементацијата на Декадата и Стратегијата за Ромите.