Претседателот на САД, Доналд Трамп им се закани на Кина со нови царини од најмалку 300 милијарди долари во вредност на кинески стоки. Тензиите помеѓу двете најсилни економии не престануваат, напротив се зголемуваат.
Иако според Трамп, преговорите со Кина се во тек, мерките кои тој ги носи, покажуваат дека за да се постигне договор, најверојатно потребно е време.
Од кинеското Министерство за трговија изјавуваат дека мора да се превземат некои-против мерки ако Вашингтон ја продолжи трговската војна.
Меѓународниот монетарен фонд предуредува дека зголемувањето на царините ќе ја уништи довербата на пазарот и компаниите и ќе го успори економскиот раст за кој се верува дека ќе се подобри следната година.