Од Европската Унија утрово пристигна информација дека Фондот за државите од Западен Балкан одреди рок до 17-ти јуни да има отворен повик за поднесување на проекти кои ќе бидат финансирани со европски пари, а целта е подобрување на регионалната соработка помеѓу државите.
Во меѓувреме земјите од опкружувањето се подготвуваат и за проектите наменети од програмите за раст на Западен Балкан, а тој фонд тежи шест милијарди евра.
Фондот за Западен Балкан објави повик за поднесување на предлог проекти за зајакнување на соработката помеѓу државите од регионов кој ја суфинансира Европската унија преку ИПА – фондовите, односно инструментот за предпристапна помош. Според информациите, во повикот се наведува дека максималниот износ на грантот е до 30 илјади евра по проект. Станува збор за највисокиот износ по проект кој сега се дава од страна на Фондот. Потенцијалните корисници треба да аплицираат со проекти најдоцна до 17ти јуни 2024 година и на повикот може да се пријават организации и здруженија, невладини друштва, помеѓу кои и здруженија од областа на образованието, културни друштва, спортски здрженија и слично.
Инаку, Инструментот Инвестициска рамка за земјите од Западен Балкан е заедничка иницијатива на Европската Унија, билатерални донатори и меѓународни финансиски институции. Повиците за поднесување проектни предлози се организираат на редовна основа, и мора да бидат номинирани од страна на Националниот ИПА координарот во соспствената држава. На веб страната на Секретаријатот за европски прашања се закачени сите потребни формулари и упатства за начинот на аплицирање за дел од средствата од Европската унија.
Во меѓувреме, од страна на Европската унија има пакет од шест милијарди евра за земјите од Западен Балкан за подобрување и развој на државите. Услов за добивање на дел од тие пари е подобра и поефикасна европеизација на земјите кои претендираат да бидат дел од европското семејство.