Фолксваген и Форд денес ќе објават ново партнерство за инвестирање милијарди евра во електрични и автономни возила.
“Фолксваген” ќе инвестира „милијарди” во технолошката фирма “Арго АИ”, компанија за системи за автономно возење, компанија која е во мнозинска сопственост на Форд, додека Фолксваген ќе му даде на Форд пристап до нивната платформа за електрични возила МЕБ за да развие палета на електрични возила наменети за европските пазари . Се предвидува дека глобалниот пазар на електрични возила ќе порасне за 21,1% до 2030 година. Договорот доаѓа откако се раширија вестите за малите европски стартапи кои се обидуваат да го разбијат автономниот пазар на автомобили само со мал дел од ресурсите кои овие гиганти, но и други големи производители ги трошат на развој.