Блокчејн технологијата ќе промени многу во индустрииечиси сите позначајни банки ќе вложат околу 30 милијарди долари за воведување на оваа револуционерна технологија.

Се предвидува дека блокчејнот ќе промени многу индустрии во следните пет до десет години. Прво, банкарството и осигурувањето.

Првата криптовалута биткоинот  и блокчејн технологијата на која функционира-всушност беа една од главните теми на овогодинешниот Давос, зимското собирно место на глобалните политичари, банкари и економисти.

Се вели дека оваа новина во ИТ светот е “револуционерна технологија која направи се да е можно”. Се очекува дека блокчејнот, исто како и интернетот, дополнително ќе го промени нашиот живот, така што ќе бидат особено истражувани од страна на банките но и од владите на многу земји.

За оние упатените, оваа “децентрализирана база” е “безбеден интернет од втората генерација”.

Едноставно кажано, блокчејн технологијата овозможува брзо, евтино и безбедно пренесување на вредна пратка без посредници и речиси исклучува хакирање.

 

29.01.2018  12:48