Вкупниот профит пред оданочувањето на сите 29 банки во Србија на крајот од 2017 година изнесувал 68,7 милијарди динари. Тоа е за 47,39 милијарди повеќе од крајот на претходната година, објави Народната банка на Србија (НБС).

 

Во извештајот на НБС се наведува дека 22 банки имале профит, а седум биле во минус. Како што оцени НБС на порастот на профитабилноста на деловните банки во Србија најмногу влијаело намалување на кредитните загуби кои произлегле од лошите кредити како и консолидацијата на банкарскиот сектор односно спојувањето и припојувањето на банки по промена на сопственичка структура (1 евро изнесува  117,94 српски динари).