Ве известуваме дека на 29. сесија на Клубот на истражувачите што ќе се одржи на 13 јуни 2018 година (среда) во просториите на Народната банка на Република Македонија, со почеток во 14 часот, ќе бидат презентирани следниве трудови:
- „Економски раст во услови на оптимално управување со јавниот долг во Македонија“, автор Кирил Симеоновски и
- „Влијанието на услужниот сектор врз нивото на сложеност на економијата: усовршувањето на услугите како пат за економски раст“, автори Виктор Стојкоски, Зоран Утковски и Љупчо Коцарев.
Сите заинтересирани за присуство на оваа сесија на Клубот на истражувачите, можат да го најават своето присуство најдоцна до 12 јуни 2018 година (вторник) на е-адресата: [email protected].
Напоменуваме дека зачленувањето во Клубот на истражувачите е од отворен карактер, за што подетални информации можете да видите на веб-страницата на Народната банка www.nbrm.mk, во делот Клуб на истражувачи.