Согласно најновата анализа на тимот на БанкоМетар.мк и актуелните пазарни услови кај станбените кредити во Р. Македонија разликата во каматата која би ја платиле доголку го изберете најнеповолниот од најповолниот кредитор е неверојатни 32.998 ЕУР !!!???!!! 

Анализата е правена на пример од позајмени 50.000 ЕУР станбен кредит со рок на враќање од 30 години ( 360 месеци ).

Соодветната анализа можете и самите да ја направите на следниот линк : https://www.bankometar.mk/krediti/stanbeni-eur/

Решавањето на станбеното прашање е горлив проблем за многу луѓе. Тоа е одлука која се носи еднаш во животот. Затоа, не треба избрзување и треба внимателно да се проследат сите понуди на пазарот.

Како и да е, во анализата не се земени во предвид некои фактори ( еднокартна провизија, ЕКС, сооднос на колатерал и слично) туку е работена само врз основа на номиналните каматни стапки кои се нудат во моментот во македонските банки.

Сепак, таа е значаен показател какви се соодносите помеѓу банките.

Значи, разликата може да биде и еден нов стан ( преку временска рамка од 30 години ) од 35 метри квадратни. Што мора да признаеме не е малку.

Доколку имате во план купување на недвижност со станбен кредит, а се плашите да не погрешите, слободно упатате ни прашање или консултација на нашиот маил : [email protected]. Ќе добиете бесплатен совет за моменталните пазарни услови – и единствен победник од ситуацијата ќе бидете ВИЕ….

Со почит,

БанкоМетар.мк