Само во февруари купени се 1,46 милиони автомобили

Во февруари, продажбата на нови автомобили во Кина порасна за дури 364,8% во однос на претходната година, кога епидемијата на коронавирусот во земјата доведе до воведување на строги ограничувачки мерки, вклучително и ограничувања на патувањето на национално ниво.

Ова е поттик за продажбата на најголемиот пазар на автомобили во светот 11-ти последователен месец, бидејќи втората по големина глобална економија успеа трајно да се опорави од кризата со коронавирусот, откако епидемијата на Ковид-19 во земјата беше во голема мера поставена под контрола.

Продажбата минатиот месец достигна 1,46 милиони возила, покажуваат податоците на Здружението на производители на автомобили во Кина (ЦААМ), цитирани од Ројтерс.

Голем број на производители на автомобили, вклучувајќи компании како „Тојота“ и „Џили“, објавија трицифрен раст на продажбата во февруари, објави БНР.

Производителите на нови енергетски возила (НЕВ), како што се домашните произведени Nio Inc и Xpeng Inc, како и странски групи, вклучувајќи ја и американската Tesla Inc, ги прошируваат своите производствени капацитети во Кина, бидејќи локалните власти охрабруваат употреба на позелени возила за да се намали загадување на воздухот.

Во февруари, продажбата на нови енергетски возила скокна за дури 585% во споредба со претходната година, достигнувајќи 110.000 единици.