Кредитните картички може да бидат добар финансиски инструмент за одговорните потрошувачи. Но кредитните картички може да доведат до долг доколку не се користат одговорно. Поради тоа добро би било да ги разгледате следните совети за живот без кредитни картички:
- Следете ја вашата потрошувачка – Важно е да ги пратите вашите трошоци, да знаете колку трошите во секоја област од вашиот живот (храна, забава, итн), потребно е да направите листа или табела за подобар увид. Направите пресметка за планираниот приход и држите чекор со потрошувачката. Со подобар увид во вашите сопствени средства полесно ќе можете да ги планирате трошоците и да процените дали тоа што го сакате може навистина да си го дозволите. На овој начин, ќе имате увид во сите трошоци, така да можете да ги корегирате вашите месечни обврски, а со тоа и да заштедите.
- Распоред на плаќања – Додека ја правите табелата, внимателно погледнете во кој период кои сметки и кога ги плаќате. Ако, на пример, сите ваши сметки доспеваат во одреден момент тоа може да ве остави со многу малку пари. Можете да го промените редоследот на плаќање, прво треба да ги платите сметките кои ви се поважни за секојдневно функционирање.
- Користите алтернативни опции за плаќање – Дебитните картички се паметна алатка за оние кои се навикнати своите обврски да ги подмируваат со пластика. Дебитната картичка ве ограничува на износот кој може да го трошите, а тоа зависи од количината на пари со кои располагате на вашата сметка.
- Фонд за непредвидени трошоци – Креирањето на фонд за непредвидени трошоци е добра идеја, така што ќе оставите некои пари на страна, а тие ќе ви помогнат да не заглавите во случај на непредвидени трошоци. Многумина ги користат кредитните картички кога ќе наидат на вонредна ситуација, поради тоа е важно да бидете подготвени за неочекуваните трошоци. Парите од фондот за непредвидени трошоци може да ви користат за патување и одмор.
Иако корисниците на кредитни картички знаат дека со нив можат да направат долгови, едноставно не размислуваат за тоа и ја користат картичката секогаш кога можат. Животот без кредитни картички ве принудува да живеете во рамките на вашите способности и рационално да ги трошите вашите пари.