Побрзајте да аплицирате до 9-ти февруари. до кога трае огласот на кој земјоделците можат да аплицираат за финансиска поддршка од ИПАРД 2 огласот. Во него, мерките со кои ќе се кофинансира растителното производство се однесуваат за сите култури освен за тутунот. На овој повик нема да се финансира и набавката на трактори.
Со ИПАРД 2, мерката за растителното производство се стимулира одгледувањето на житарици, индустриски и градинарски растенија, овошните и лозовите насади,трпезното грозје и маслинките.
Во сточарството се финансира одгледувањето на говеда, свињи, овци и кози, бројлери и несилки.
Прифатливи инвестиции исто така се и изградба или реконструкцијата на објекти и фарми, оранжерии, складови за чување на храна и храна за добитокот, амбари или силоси.
Ќе се финансира и изградба на магацини, ладилници, калибратори и пунктови за продажба.
Ќе се финансира и подигнување на повеќегодишни насади, инвестиции во наводнувањето, во бунари и во ситстемите капка по капка.
Најниската вредност на вкупни прифатливи трошоци е 3.000, а максималната до 1.500.000 евра.
Финансиските средства се доделуваат како неповратна финансиска поддршка од 60 до 70 % доколку се работи за млад земјоделец или инвестиции во планинските подрачја.