Резултатите од последната анкета која за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје, велат дека граѓаните се на став дека ако се има предвид платата која што ја примаат, тогаш даноците кои и ги плаќаме на државата се премногу високи. Ваков став, 61,% од анкетираните граѓани, 23,1% сметаат дека даноците се соодветни додека 1,9% се на став дека тие се ниски.
Најголем дел од граѓаните, кога би можеле да одберат само еден данок или давачка кон државата која треба да биде намалена би го одбрале персоналниот данок на доход. Ваков став имаат 18% од анкетираните. Во истата ситуација, 14,6% од граѓаните би одбрале да се намали данокот на имот а 14,2% данокот на додадена вредност (ДДВ). 11,8% би се определиле за намалување на акцизите а 9,2% за данокот на добивка. 7,4% се определиле за намалување на придонесите за здравствено осигурување, 1,9 за пензиско и 1,2 на давачките за царина.
Анкетата на Институтот за политички истражувања е спроведена телефонски во периодот од 25 до 29 октомври годинава врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници.