62 компании од 500 кои аплицирале на повикот за комерцијализација на иновации ќе добијат пари од Фондот за иновации и технолошки развој до крајот на годината.
Овие фирми ќе значат 360 нови вработувања со просечни плати од 700 евра.
Најголем дел од фирмите се од ИТ индустријата, но се зголемува бројот на апликанти и од другите сектори. Сепак најголем предизвик за Фондот останува да ги убедат и другите градови повеќе да аплицираат за проекти, бидејќи Скопје и натаму е на врвот на листата.
Деспотовски уверува дека фирмите кои добија финансиска помош се одбрани на транспарентен начин.
Поради голем интерес за овој повик, фондот од Владата побара повеќе средства, па со ребалансот буџетот од 5 се зголеми на 12,5 милиони евра.
До крајот на годинава ќе бидат објавени уште 2 повика.