Постојат многу причини зошто да помислите дека имате опасност да ја изгубите работата, но не дека е бидејќи сте лош работник.

Отпрвин се убедувате дека сте параноични, но на крајот излегува дека сте биле во право. Постојат многу причини зошто да помислите дека имате опасност да бидете отпуштени од работа, но не е сè поврзано со тоа да бидете лош работник.

Понекогаш сите потези што се вклучени во вашата работа се направени зад сцената без навистина да сте свесни за тоа.

Без оглед на причината, колку побрзо ќе сфатите нешто се случува, толку повеќе време ќе имате за следната авантура, пишува Business Insider.

Ако мислите дека вашата позиција се „тресе“, овие 7 сигнали може да покажат дека сте во право:

– Шефот се дистанцираше од вас.

– Деградирани сте.

– Луѓето околу вас се отпуштени (не заради некоја грешка).

– Не добивате нови задачи.

– Добивте неколку негативни извештаи.

– Тие бараат од вас да ги обучувате другите за задачите што треба да ги правите.

– Тие не ве покануваат на деловни состаноци

 

Забрането превземање на содржината без претходна согласност од редакцијата на БанкоМетар.мк