Бројот на пријавени кражби на автомобили во Европската унија опадна за скоро една третина во 2017 година од една деценија порано, соопшти Евростат.
Помеѓу 2015 и 2017 година, просечно се украдени по 700.000 возила годишно низ ЕУ, со намалување на бројот на кражби во повеќето земји-членки, според Заводот за статистика на европските заедници.
Досега најголем број автомобили по глава на жител се украдени во Луксембург (328 кражби пријавени во полиција на 100.000 жители), по што следи Грција со украдени 269 автомобили, Италија со 257 и Шведска со 256.
Во ЕУ, најмалку автомобили по глава на жител се украдени во Данска (само четири на 100.000 жители), по што следат Романија со 15 и Хрватска со 20 „исчезнати“ автомобили.