Годишната глобална анкета порачана од страна на 200 милиони членки на Светската Конфедерација на синдикати – ИТУК покажува дека работниците и нивните семејства живееле на работ и пред пандемијата предизвикана од Ковид – 19 да го сопре светот, се наведува во соопштението на ИТУК.
Анкетата покажува дека работниците се соочуваат со глобално опаѓање на платите: три четвртини од луѓето (75 %) рекле дека нивните примања или стагнирале или опаднале.
„Економските последици од Ковид – 19 пандемијата се наталожи врз веќе постоечката криза од ниските плати и несигурните работни места. Секој втор човек нема финансиска поддршка, нема можност да заштеди за тешки времиња и да се надева да преживее од примањата. Без заштеди, милиони луѓе влегоа во пандемијата со два избори, да работат или да гладуваат“, рече Шаран Бароу, Генерален Секретар на ИТУК.
Анкетата која ИТУК ја нарача од глобалната компанијата за истражување на пазарот ЈуГов, покрива 16 држави кои претставуваат 56 % од глобалната популација.
Спроведена пред да избие пандемијата од Ковид- 19, глобалната анкета дава длабински поглед кон несигурниот свет исполнет со анксиозност поради работата и недостаток на доверба во владите, но чисто барање од страна на мнозинството на луѓе за промена.
Резултатите од анкетата спроведена во февруари и март во Аргентина, Белгија, Бразил, Бугарија, Канада, Чиле, Кина, Франција, Германија, Индија, Јапонија, Русија, Јужноафриканската Република, Јужна Кореја, Велика Британија и Соединетите американски држави е предупредување дека владите мора да работат со синдикатите и граѓанските организации за да се осигура дека плановите за опоравување градат доверба и одржливост.
Повеќе од две третини од луѓето рекле дека се загрижени за климатските промени (69 %), раст на нееднаквоста (69 %), злоупотреба на лични податоци онлајн (69 %) и луѓето кои ги губат работните места (67 %). Овие грижи доаѓаат во период од 2020 година кога еден на двајца луѓе (52 %) ја оценуваат економската ситуација во својата држава како лоша.
Луѓето се чувствуваат немоќни, а тоа го покажуваат двајца од тројца луѓе (66 %) анкетирани ширум земјите кои рекле дека луѓето како нив немаат доволно влијание врз глобалната економија. Речиси ист број (63 %) веруваат дека работниците имаат многу мало влијание. За споредба, мнозинството на луѓе веруваат дека најбогатите 1 % (65 %) и корпоративните интереси (57 %) имаат премногу влијание.
Овие опции кулминираат кај три четвртини (71 %) од луѓето дека економските системи во нивните држави ги фаворизираат богатите. Овој поглед го имаат најголемиот дел од луѓето во секоја држава која е анкетирана и покажува раширено кршење на социјалниот дијалог.
Анкетата покажува длабоко ниво на несигурност за семејните приходи и сигурноста на работните места, како и чувството на луѓето за губење на контрола врз нивната работа и плата:
- Речиси половина (42%) од луѓето сметаат дека најверојатно следната генерација нема да најде пристојна работа.
- Повеќе од една третина (39 %) диретно искусиле невработеност или намалени работни часови во последните две години, или некои во нивното домаќинство го имаат искусено ова.
- Три четврини (76 %) од луѓето сметаат дека минималната плата не е доволна за живеачка.
- Третина (33 ) од луѓето искусле помала контрола на изборот на пристојна работа.
- Повеќе од еден од четворица (28 %) имаат помала контрола врз работните часови.
„Очајот кој луѓето го чувствуваат се истура и резултира со масовно губење на довербата во демократијата како институција. Еден од тројца луѓе се бесни или очајни кога ќе се прашаат за тоа како се чувствуваат за тоа како владите ги исполнуваат нивните и потребите на нивните семејства. Ре – обновувањето на довербата ќе бара поссветност на владите кон луѓето која резултира врз иднина која е изградена врз различни приоритети.
Барањето за промена преку барањето на работни места, климатска акција и правда ширум многу фронтови не е повеќе слоган. Лидерите треба да имаат доверба да се посветат на нов Социјален дијалог, знаејќи дека ја имаат поддршката на гласачите“, рече Бароу.
Анкетата покажала силна поддршка за владите да преземат дејствија:
- 70 % од луѓето сакаат зголемување на платите.
- 73 % рекле дека владите треба да направат повеќе за да се погрижат компаниите да плаќаат фер даноци.
- 74 % велат дека владите треба да креираат работни места со инвестирање во грижата за постарите луѓе, лицата со попреченост и децата на предшколска возраст.
Реформите на овие и други проблеми ќе помогнат јавноста да ја поврати и обнови довербата во владите со поливина (52 %) од луѓето кои рекле дека креирањето на полити во седум полиња кои ги покриваат платите и работните услови, климата, економијата, мирот и стабилноста ќе доведат до поголема доверба во владите.
Климатските промени и влијанието од страна на новите технологии тежат врз мозоците на глобалната популација. Речиси две третини (63 %) од луѓето мислат дека нивната влада треба да ја промовира стратегијата за нулта -карбонска иднина. Луѓето ширум светот се загрижени за големиот проблем со регулирање на големите, меѓународни технолошки компании и заштитата на нивните (често ранливи) работници.