По повод 8ми Март, „Рамстор мол“ ве поканува да го прославиме Меѓународниот ден на жената, да ги исполниме сите нејзини желби и да и ја подариме љубовта , почитта и вниманието кои секоја жена ги заслужува секојдневно.

По тој повод, утре на 08.03.2023, „Рамстор мол“ и „Рамсторе маркетот“  подготвија богата програма за сите посетители пропратена со многу музика и подароци, за најмладите посетители детска работилница на тема 8ми Март, дегустација на пијалоци, чоколадна закуска и многу други изненадувања.

Покрај богатата програма, посетителите на  „Рамстор мол“ и „Рамстор маркетот“ ќе можат да уживаат во празничниот шопинг со многу попусти и акции  на женската колекција на вашите омилени брендови.

Изберете подарок од богатата понуда на „Рамстор мол“ и „Рамстор маркетот“, разгалете се себеси, или покажете им љубов и внимание на најзначајните жени во вашиот живот.

„Рамстор мол“-Центарот на сите нејзини желби!