Во првите шест месеци од 2023 година, Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) издала лиценци за 278 електрани за производство на електрична енергија од обновливи извори што е повеќе отколку бројот на лиценците во цела 2022 година, констатира Balkan Green Energy New.
Со тоа Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) издаде вкупно 545 лиценци за производство на електрична енергија од обновливи извори од јануари 2022 година до 30 јуни 2023 година, со вкупна инсталирана моќност од околу 270 MW.
Кога ќе бидат ставени во функција, овие може да ги задоволи потребите на над 104.000 домаќинства со просечна потрошувачка на електрична енергија, односно ќе ја задоволат потребата од струја во Охрид, Тетово, Кратово, Крушево, Крива Паланка, Свети Никола, Ресен, Дојран, Дебар, Виница, Струга, Неготино и Гевгелија.
Еве само 8 од многуте причини зошто обновливите извори се придобивки за нашата иднина
1. Трансформацијата во 100% обновлива енергија може да се случи побрзо од сегашните очекувања и енергетскиот сектор може да се трансформира до 2030 година.
2. Електричната енергија од 100% обновлив систем ќе чини помалку отколку од сегашниот енергетски систем.
3. Вкупните социјални трошоци (енергија, животна средина, клима и здравствени трошоци) со 100% обновлив систем ќе бидат драстично пониски од досегашните. Колку побрзо постигнеме 100% обновлив систем, толку побрзо ќе се реализираат овие заштеди!
4. Сонцето и ветерот се клучните столбови за снабдување со енергија од обновливи извори. Северна Македонија има доволно сончеви денови и региони со поволни движења на ветрови.
5. Масовното зголемување на капацитетите со обновливи извори на енергија ќе резултира со вишок чиста, обновлива енергија, зголемувајќи го просперитетот за целото човештво.
6. Создавањето на новиот обновлив енергетски систем ќе ја стимулира економијата и инвестициите и ќе создаде нови работни места.
7. Трансформацијата на енергетскиот систем со обновливи извори има исклучително еколошко значење за да го запре загадувањето на воздухот негативното влијание на здравјето на луѓето.
8. Производството енергија од обновливи извори значајно ќе влијае на намалување на ризиците од климатски катастрофи и ќе обезбеди одржлива енергетска безбедност за идните генерации.