Се изврши исплата кон земјоделците во износ од 80.440.060,00 денари од Програмата за финансиска поддршка во земјоделството за 2024 година.
Исплатени се 32.596.860,00 денари за растително производство за:
– подмерка 1.8 за овошни насади исплатени се 19.679.962,00 денари кон 1.198 корисници;
– подмерка 1.11 за лозови насади исплатени се 12.916.898,00 денари кон 181 корисник.
Исплатени се 47.843.200,00 денари за сточарско производство за:
– подмерка 2.1 за обележани женски грла говеда исплатени се 27.829.600,00 денари кон 406 корисници;
– подмерка 2.8 за обележани грла овци исплатени се 20.013.600,00 денари кон 173 корисници.
Вистинската грижа кон земјоделецот ја покажуваме на дело.