Стопанската комора на Македонија денеска одбележува 97 години од работењето. Продолжувајќи ја традицијата, Комората и годинава ќе им додели награди и признанија на најуспешните компании и стопанственици.
„Зачетоците на коморското организирање во Македонија датираат од 1922 година. И по 97 години, согласно светските трендови и најсовремените меѓународни стандарди, Стопанската комора на Македонија го задржа приматот на лидер во организациското здружување. Стопанската комора на Македонија прерасна во ефикасен сервис за своите членки изградена врз основните јасни и темелни постулати, како Комора којашто е самостојна, независна, неполитичка и непрофитна организација“, стои во соопштението.
Стопанската комора на Македонија од 1970 година почна со доделување на Првомајската награда. Во 1994 година таа се преименува во Награда на Стопанската комора на Македонија и се доделува по повод Денот на комората – 18 февруари.