Според најновите податоци на Државниот завод за статистика (ДЗС), просечната исплатена нето-плата за програмерите во Македонија во јануари 2025 година изнесува 99.367 денари, што е околу 1.600 евра. Ова ги поставува програмерите на врвот на највисоките плати во земјата.
Во споредба, просечната нето-плата во Словенија во јуни 2024 година изнесуваше 1.501,97 евра. Ова значи дека програмерите во Македонија имаат слични месечни примања како и нивните колеги во Словенија.
Во јануари 2025, просечната нето-плата во Македонија изнесуваше 43.050 денари (околу 700 евра), што е зголемување од 8,9% во однос на истиот месец претходната година. Највисоките плати се исплатени во секторот “информации и комуникации” со просечни 80.215 денари, додека најниските се во секторот “објекти за сместување и сервисни дејности со храна” со 30.932 денари.
Иако просечната плата во Македонија расте, земјата сè уште заостанува во однос на регионалните просеци. Во Србија, просечната плата изнесува 924 евра, во Босна и Херцеговина 790 евра, во Црна Гора 1.004 евра, а во Хрватска 1.392 евра месечно.
Овие податоци ја истакнуваат важноста на ИТ секторот во Македонија, кој продолжува да расте и да нуди конкурентни плати.