Генералниот директор на Халк Банка, д-р. Билал Суџубаши, ќе одржи конференција на тема: “Принципите на банкарското работење на глобално ниво и во Република Македонија„ на 28 јуни во конференциската сала на НБРМ. Пријавувањето е до 26. Јуни. Уплатата за учество на обуката е 1 500 денари, за студенти има 20% попуст (1200 денари) и за членки на АБИТ е обезбеден 50% попуст.
Цели на конференцијата се:
- Согледување на разликите во однос на банкарските принципи и практики во различни делови од светот
- Согледување на практиките за поттик на развојот на една организација
- Идентификување на маркетингот и продажбата како основа за успехот
Содржината е поделена на три модули и тоа:
МОДУЛ 1: Карактеристиките на модерното банкарство во различни делови од светот
- Дефинирање на банкарството од практичаритеи идентификување на предизвиците со кои се соочуваат банките во современото општество
- Принципи на модерното банкарство во различни делови од светот
- Карактеристики на банкарскиот сектор во Република Турција
МОДУЛ 2: Тековни состојби и иден развој на банките во Република Македонија
- Тековни состојби во банкарскиот сектор во Република Македонија
- Иден развој и приоритети во управувањето на банките
- Халк Банка АД Скопје – банка со галопирачки раст
МОДУЛ 3: Маркетинг и развој на нови производи во банкарскиот сектор
- Трендови во маркетингот во банкарскиот сектор на глобално ниво
- Иновативноста во банкарскиот сектор
- Предизвици во создавање силен бренд во Република Македонија
На крајот, секој слушател добива сертификат за учество на обуката. Обуката се изведува на турски јазик со превод на македонски јазик.