Вчера Охридска банка Сосиете Женерал и Европската банка за обнова и развој потпишаа договор за нова кредитна линија наменета за мали и средни претпријатија.

ОБСГ е првата банка на пазарот, која ќе понуди повластена кредитна линија на малите и средни претпријатија во Македонија, во вкупен износ од 10 милиони евра, поддржана од ЕБРД преку грантови наменети за компаниите, во висина до 15% од вкупната вредност на износот на кредитот.

Остануваме верен партнер на македонската економија!