Кредитната картичка не може да ни биде примарно средство на опстанок. Лажното одржување стандарди кои долго време не можете да си ги дозволите обично ве кошта многу скапо. Затоа што таа мала пластика е еден од најскапите производи.
Каматните стапки на кредитните картички се движат од 10 % до 11,25 %. Кога на тоа ќе се додаде годишната членарина ( кај најголем дел од банки чланарината за првата година не се наплатува), надоместот за подигнување на готовина, конверзија на денари и евра за потрошувачка во евра, извештајот на картичка дефинитивно ќе биде големо изненадување за нас.
Правило # 1 – Планирајте ја потрошувачката во рамките на буџетот на домаќинството и водете евиденција на трошење со кредитна картичка
Колку и да е тешко да се преживее и да се развлече платата од “први до први”, само со планирање на потрошувачката и купувањето е единственото нешто што сите не спасува од трошење на она што ние го немаме во нашиот паричник.
Непланирани набавки, со цел да се задоволи чувството дека ние се уште може да си дозволиме некој луксуз, обично ќе не чини многу повеќе од она што реално може да се плати. Во исто време, водење на евиденција за потрошувачката со кредитна картичка е прво и главно нешто што секој треба да го научи.
Бидејќи без оглед на месечните извештаи кои редовно се добиваат од банката, само со својата евиденција може да се планира потрошувачката, редовно плаќање на ратите и во исто време да остане во рамките на буџетот на домаќинствата.
Правило # 2 – Немојте да купувате храна и предмети за домаќинството со кредитна картичка
Иако кредитна картичка не е чек врз кој се пишува датумот на достасување, кај нив важи истото правило.
Купување на храна ќе го отплатувате повеќе месеци со отплата на само 3 % до 10% од потрошениот износ тоа е стапица од која е тешко да се излезе. И во исто време на таа сума ќе треба да плаќате камата на банката!
Правило # 3 – Не ја користите кредитна картичка како лесен пристап до готовина
Иако со кредитна картички може да повлече пари, ова е најскапата опција за користење на картичката. Затоа што при подигнувањето на готовина дали преку банкомат или преку шалтер банката пресметува провизија за тоа.
Овој модел се разбира влече и пресметка на камата, а каматата за кредитните картички е една од највисоките, се пресметува на неплатениот дел од долгот, така што кога ќе се сумира, подигнувањето готовина со кредитна картичка е многу поскапо отколку да трошиме готовина доколку се земе кеш кредит.