Вицепремиерот за економски прашања Кочо Анѓушев и министерот за економија Крешник Бектеши, во Виена ќе учествуваат на настани во организација на Секретаријатот на Енергетската заедница.

Како што соопштија од Владата, Анѓушев и Бектеши денеска ќе учествуваат на Форумот за одржливост, каде што министерот ќе се обрати на панелот за високи гости „Енергетски и климатски политики во Енергетската заедница по 2020 година“, додека утре во Вахау ќе учествуваат на годишниот состанок на министрите за енергеттика, индустрија и економија. Тема на овој состанок е енергетската транзиција во земјите потписнички на Договорот за Енергетска заедница.