При секое  патување надвор од Р. Македонија со Ваше возило, покрај останатите документи на граничните премини ќе Ви биде побаран и зелен картон за осигурување на возилото.

Зелениот картон е документ со кој се проширува осигурување од автомобилска одговорност и надвор од територијата на Р.Македонија. Тоа значи дека доколку ви се случи штета додека го упрвавувате возилото во странство, вие сте осигурени без разлика дали сте причинител или оштетен во настанот.

Премијата (цената на осигурување) за зелен картон за патнички возила зависи од киловатите на возилото (дали се над 66kw или под), додека кај товарните возила премијата е фиксна.

 

Од Кроација Осигурување – Неживот ни даваат упатство за постапување во случај на сообраќајка незгода во странство

 

 Мошне е важно да ги знаете своите права и обрвски, односно да знаете како точно да постапите во случај на сообраќајна незгода случена во странство.

 

  •  Погрижете се за евентуалните повреди.
  •  Обезбедете го местото на незгода и не го помесувајте возилото. Долоку постојат услови направете фотографии од возилата.
  •  Повикајте полиција и по извршениот увид побарајте копија од полициски извештај-записник.
  •  Доколку Вие НЕ СТЕ ВИНОВНИ за незгодата потребно е да ја пријавите штетата во Бирото за Зелена карта на земјата во која се случила незгодата. На позадината на зелената карта може да ги најдете телефоните на Бироата за зелена карта во сите земји. По враќањето во Р. Македонија известете ја вашата осигурителна компанија за незгодата.
  •  Доколку Вие СТЕ ВИНОВНИ за незгодата, копија од зелената карта давате на оштетениот или на полицијата која врши увид. По враќањето во Р.Македонија задолжително ја извесувате компанијата која го издала Зелениот картон, и давате писмена изјава во која објективно го опишувате начинот на кој дошло до незгодата.
  • За помош при пријавување на штетата и остварување на правото на надомест, во одредени земји можете да се обратите и во осигурителните компании со кои Вашата осигурителна компанија има склучено коресподентски договор. На задната страна на овој леток се наведени коресподентските компании со кои Кроација соработува.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Осигурај се