Централна кооперативна банка АД Скопје, дел од групацијата ЦКБ Груп ЕАД, објавува огласза вработувањена едно лице за работна позиција Раководител на експозитураКрива Паланка, на неопределено време.

Дневно работно време: од 08:00 до 16:00 часот

Неделно работно време: понеделник – петок

Банката нуди одлични услови за работа и можност за стручно усовршување, солидна месечна нето плата и можност за дополнителни бонуси и награди во согласност со вложениот ангажман и остварените резултати.

 

Кандидатите треба да располагаат со следниве квалификации:

–          Најмалку високо образование од областа на економските науки;

–          Минимум 3 години релевантно работно искуство од областа на банкарството и продажба на банкарски производи.

Избраниот кандидат треба да поседува:

–          Развиени односи со деловни клиенти;

–          Самоиницијативност и тимска работа во динамично окружување;

–          Самомотивираност и способност за самостојно работење;

–          Флексибилен и креативен приод кон луѓето и проблемите;

–          Добри аналитички способности;

–          Висок степен на прецизност;

–          Креативност и способност за паралелно извршување на повеќе активности;

–          Менаџерски вештини за координирање и управување со луѓе;

–          Способност за работа со утврдени временски рокови;

–          Можност и афинитети за работа на терен;

–          Солидно познавање на англиски јазик;

–          Одлично познавање на MS Office пакетот и работа со компјутери;

–          Возачка дозвола „Б“ – категорија.

 

Доколку сакате да станете дел од нашиот успешен тим, Ве молиме да ни испратите Ваше CV и пропратно писмо на следниов mail: [email protected]

 

Огласот ќе биде активен заклучно со 08.07.2018 година.

 

Ненавремените и некомплетни апликации нема да бидат предмет на разгледување.  Само кандидатите со уредни и навремени апликации и воедно ги исполнуваат условите во огласот, ќе бидат повикани на интервју кое ќе се одржи во просториите на Централна кооперативна банка АД Скопје.

Рокот за избор на кандидати е од 45 до 120 дена по истекот на рокот за пријавување во зависност од бројот на пријавени кандидати.