Виена Иншуранс Груп (ВИГ) на крајот од минатиот месец донесе одлука да ги спои двете свои осигурителни друштва во Австрија, Винер Штатишен и Шпаркасен Ферзихерунг. Процесот на спојување треба да се реализира на есен, откако истиот ќе биде одобрена од регулаторните тела во оваа земја.
„Откако на средината од мај го продолживме нашиот партнерски договор со Ерсте Груп, сега го завршивме последниот интерен законски услов за спојување. Не само што ми е драго што ги поставивме темелите за нашите планови за развој како би го унапредиле банкоосигурувањето, туку сродните проекти на двете компании се потполно во склад со планот“, изјави Елизабет Штедлер, претседател на управата на ВИГ.
Зајакнувањето на банкоосигурувањето е дел од програмата на ВИГ „Агенда 2020“. До крајот на 2018 година, во рамките на ВИГ  банкоосигурителните компании ќе бидат споени во композитни друштва во пет земји. Процесот е веќе успешно завршен во Унгарија, Словачка и Хрватска. Покрај Австрија, до крајот на 2018 година истото ќе се случи и во Чешка.
По завршетокот на спојувањето, ВИГ во Австрија ќе биде застапуван од Винер Штедише и Донау Ферзихерунг.
Извор: Осигурај се