Во Скопје, во спортска и опуштена атмосфера, на тениските терени во комплексот Јане Сандански беше одржан Тенискиот Турнир “Триглав Тенис УМАГ 2018”, во организација и под покровителство на Триглав Осигурување АД, Скопје.

Покрај бројните спонзорства кои компанијата ги доделува на ниво на професионалниот спорт, Триглав постојано работи на мотивaција и поттикнува учество во спортски активности меѓу љубителите на спортот.

За таа цел, годинава, во повеќето држави во регионот каде групацијата Триглав е присутна, повторно се организира корпоративниот настан “Триглав Тенис УМАГ 2018”. Под мотото “Да го чуваме здравјето”, во Скопје овој настан се одржа на тениските терени во комплексот Јане Сандански.

Учесниците се натпреваруваа во пет категории и тоа, поединци мажи до 45 и над 45 години, парови мажи до 45 и над 45 години и, за прв пат годинава, поединци жени.

 

Натпреварувањето се одвиваше според таканаречениот “швајцарски систем”, односно се играа по четири круга.

Но, секогаш победник е само еден! Овој пат победата ја однесоа:

  • Лазар Мицев од Црна Река Петрол, победник во категорија поединци мажи дo 45 години;
  • Љупчо Бебиќ, БАС, победник во категорија поединци мажи над 45 години;
  • Мира Лесјак од Амбасада на Р. Словенија во Р. Македонија, победник во категорија поединци жени;
  • Владимир Дојчиновски од НЛБ и Владимир Ранџеловиќ од Црна Река Петрол, победници во категорија парови мажи до 45 години;
  • Рок Пивк од Триглав Осигурување Скопје и Јоже Сиронич од Амбасада на Р.Словенија во Р. Македонија, победници во категорија парови мажи над 45 години.

Со оваа победа, тие, заедно со победниците од сите категории на турнирите, организирани од компаниите на Групацијата Триглав во регионот, ќе присуствуваат на Умаг Опен 2018 и ќе играат на турнирот организиран од Групацијата Триглав кон средината на јули, годинава.

 

 

 

 

 

 

 

 

Извор: Bits of insurance