Покрај правото на месечна заработувачка, работниците во приватниот сектор имаат и право на исплата на регрес за годишен одмор – популарно познат како К-15
Од 1. јули 2018 година започнува исплатата на регресот за годишен одмор (К-15) за вработените во приватниот сектор.
Регресот за годишен одмор се исплатува еднаш во текот на годината, а единствениот услов којшто вработените во приватниот сектор треба да го искористат е да бидат вработени најмалку 6 месеци во тековната година кај ист работодавач.
Износот на регресот за годишен одмор се утврдува во зависност од податоците на Државниот завод за статистика за движењето на просечната нето и бруто плата во последните три месеци од периодот на исплата. К-15 треба да изнесува најмалку 40% од износот на просечната нето плата во последните три месеци и најмногу до 40% од износот на просечната бруто плата во последните три месеци.
Минатогодишното искуство покажа дека компаниите кои се одлучиле да исплатат К-15 во јули, наместо во декември, заштедиле по 270 денари од вработен. Работодавците со преку 100 вработени заштедиле околу 500 евра.