Претседателот на САД Доналд Трамп повторно го обвини ОПЕК дека не прави доволно за намалување на цените на бензинот.

– Монополот ОПЕК треба да запамети дека цените на бензинот се зголемуваат и тие не прават доволно за да помогнат. Ако не друго, тие ги туркаат цените нагоре, додека САД штитат многу од нивните членови за многу малку (пари). Тоа треба да е двонасочна улица. Намелете ги цените сега !, напиша Трамп на Твитер.

Во јуни ОПЕК одлучи да го зголеми производството за еден милион барели дневно, што би требало да придонесе за ограничување на растот на цените, регистриран во последно време.

Според Трамп,  зголемувањето треба да е за два милиони барели дневно