Во месец јуни прометот на Македонската берза, годинава изнесувал 976.628.164 денари, што е зголемување во однос на мај за 13,44 отсто, покажува месечниот билтен на Македонската берза.

Во класичното тргување прометот изнесува 772.230.430 денари, што е зголемување за 85,37отсто во однос на претходниот месец, кога прометот бил 416.590.612 денари.

 

 

Блок трансакциите за јуни изнесувале 201.223.233 денари, што е намалување за 54,72 отсто во однос на мај.

Бројот на трансакции за јуни изнесувал 3.197, што е зголемување за 39,06 отсто во однос на мај кога имало 2.299 трансакции.