(Време за читање 5 минути)

 

Уште еден ден и уште една статија за криптовалутите . Се надевам дека статиите кои што ги пишувам за криптовалутите се корисни и информативни. Ве молам, ако имате какви било прашања или предлози во врска со криптовалутите, слободно може да ме исконтатктирате. Во последната статија се фокусирав повеќе на неодамнешното паѓање на цените на Биткоинот. Како што веќе знаете, биткоинот и други монети се многу шпекулативни и затоа цените се движат нагоре и надолу постојано.

 

Но, зошто речиси сите Алткоини ја следат цената на Биткоинот? Секогаш кога цената на Биткоинот се намалува, цената на другите Алткоини исто така се намалува. Секогаш кога цената на Биткоинот се зголемува, цената на Алткоините исто така се зголемува. Во денешнава статија ќе погледнеме зошто скоро сите Алткоини го следат Биткоинот .

 

Прво – Алткоините го следат лидерот.

Секоја голема крипто менувачница нуди биткоин трговски размени. Пример: Етер/Биткоин, Лајткоин/Биткоин и така натаму. Некои од менувачниците како Битрекс ви дозволуваат да тргувате со Крипто за USDT (USDT е крипто валута која наводно е поврзана со американскиот долар).

Некои од менувачниците овозможуваат трговија на девизни валути за криптовалути како на пример (Coinbase, CEX-IO и други).Некои од Алткоините го имаат надминато Биткоинот, но само на краткок период или во одредени временски периоди. Но, не постои монета која е постојана во своите изведби како Биткоинот. Повеќето од главните Алткоини го следат истиот тренд.

 

Биткоинот е крал и кралица и сите останати Алткоини во најдобар случај го следат. Биткоин е монета број еден, па на тој начин Биткоинот ја одлучува пазарната цена воопшто. И ова би значело дека сите други алткоини се бесмислени. Но сите знаеме дека тоа не е вистина, бидејќи некои од Aлткоините имаат одлична технологија како што се Етериум паметните договори.

 

Друга работа е тоа што Криптовалутите имаат тенденција да следат одредена ротација, но сепак кога Алткоините не се во ротацијата со Биткоинот, цените имаат тенденција да бидат поевтини. Кога Алткоините се во ротација со Биткоин,тие можат да обезбедат многу подобри придобивки доколку се темпирани. Некои одлични примери за тоа се – летото 2017 мај-јуни и декември-јануари 2018 година. Во овој период алткоините беа во ротација, додека Биткоинот беше во хибернација. Кога се гледа волуменот и цената на криптовалутите, криптовалутите имаат тенденција да следат одредени шеми и модели.

 

Честа шема е кога одредена монета или вид на монета стане популарна стока, додека другите алткоини паѓаат. Друга работа што треба да се има на ум е дека вестите многу влијаат врз монетите. Дали е добра или лоша вест. Значи, кога барате да инвестирате во некои алткоини, погледнете ја технологијата зад таа монета. Ако мислите дека монетата има технологија која денес може да се искористи или ќе создаде позитивно влијание врз светот во иднина, тогаш инвестирајте во таа монета.

 

Голем број на алткоининте не го следат Биткоин 100%, но тие имаат тенденција да ги преувеличуваат падовите. Луѓето имаат тенденција да купуваат биткоини кога цената се зголемува, но цената на алт-монетите не се зголемува согласно. Кога цената на Биткоинот оди нагоре, алтокоините наскоро прават корекција и започнуваат да одат нагоре односно да го следат Биткоинот. Меѓутоа, кога цената на Биткоинот паѓа, алткоините  имаат тенденција да го следат Биткоинот  совршено, ако не и претерано. Во септември кога цената на Биткоинот се урна, цената на Етериум и Лајткоин исто така се урна.

 

Набргу потоа, кога цената на Биткоинот почна да се зголемува, Биткоинот повлече дел од некои Алткоини нагоре со себе. Откако Биткоин, Лајткоин и Етериум ја повратија својата вредност, проследено со највисоката цена на Биткоин од 20.000 долари, голем број од Алткоините беа оставени долу во прашината. Ако ја погледнеме оваа шема, ќе видиме дека Алткоините се здобиваат со одредена вредност кога ќе се споредат со Биткоин. Сепак, не се очекува овој модел да продолжи и во иднина. Наскоро ќе биде забележана и вредноста што другите Алткоини ја нудат и во тој момент тие ќе престанат да го следат Биткоинот.

 

Скоро сите криптовалути се наведени на главните менувачници. Eтериум, Лајткоин, па дури и Рипл не се идентични копии на Биткоинот. Секој од нив има свои предности и недостатоци. Па, зошто цените толку тесно се совпаѓаат?

 

Криптовалутите се во изолиран екосистем и акцијата на цената е базирана на техничка анализа, а не на фундаментална анализа. Ова многу зависи од голем број на луѓе кои се префрлаат од монета на монета со цел да ја зголемат својата крипто торба. Биткоинот е јасно победник како инвестиција, но ништо не може да ја намали корисноста на технологијата зад монетата.

 

Како заклучок зошто Алткоините го следат Биткоинот, постојат повеќе теории.

 

  1. Биткоинот постана златен стандард, бидејќи пазарот е сеуште млад.
  2. Демократската пазарна психологија во шпекулативниот пазар се однесува повеќе како стадо него од она што се очекуваше.
  3. Луѓето се плашат одпаѓањето на цената на алткоините и се префрлаат кон Биткоинот со што предизвикуваат панична продажба но не и панично купување.

 

Сигурен сум дека сте слушнале за Биткоин Кеш. И дали има разлика помеѓу помеѓу Биткоин и Биткоин Кеш? Дали овие монети се поврзани или сосема различни?

За тоа ќе дознаете повеќе во следната статија.

 

 

 

 

До тогаш,

Ви благодарам што читавте

 

Следете ме на Фејсбук :    http://bit.ly/2zDUBpp

 

Регистрирајте  се на мојот блог : https://darkokipariz.blogspot.com/