Европската унија останува втор најголем придонесувач за глобалниот бруто-домашен производ (БДП) веднаш по САД. Ова го покажуваат податоците на „Еуростат“ за споредливоста на блокот наспроти другите 15 земји од „Г20“ кои не се дел од „Г20“.

Според споредбата, која опфаќа голем број области, како бројот на население, условите за живот, здравјето, пазарот на труд, економијата и финансиите, меѓународната трговија и други, земјите од „Г20“ имаат генерирано 86% од светскиот БДП во 2016-та година.

Уделот на ЕУ во 2016-та година изнесува 22%, што е намалување за 30% од пред десет години. Во исто време, уделот на САД, исто така, падна на 26%.

За разлика од економиите на ЕУ и САД, сепак Кина го зголемува процентот за речиси три пати од 5% до 15% во рамките на истиот период, претекнувајќи ја Јапонија (9% во 2006-та година и 7% 2016-та година). Раст е забележан и од Индија – од десеттата по големина економија во 2006-та година, подоцна станува петта. Индија и Кина се двете земји со најголем раст на бруто домашниот производ помеѓу 2006-та и 2016-та година.

Податоците, исто така, јасно ставаат до знаење дека Унијата е рангирана на петтото место меѓу „Г20“ во однос на електричната енергија од обновливи извори и отпад. Со својот удел од 14 отсто, ЕУ е пред Кина, со 9 отсто, и САД (7 отсто). Лидер по овој показател е Бразил, каде што 40% од електричната енергија е од обновливи извори и отпад, а потоа следат Индонезија (33%), Индија (25%) и Канада (18%).

Најмалиот дел е во Јужна Кореја и Русија (3%) и ниту еден (0%) во Саудиска Арабија.

Во поглед на населението, сликата не е добра за Европската унија. Според истражувањето на „Еуростат“ за 50 години партицијата на ЕУ од светското население (7,4 милијарди лица во 2015-та година) е намален речиси за половина – од 13% во 1965-та година до 7% во 2015-та година.

Најнаселените земји во светот се Кина и Индија, кои заедно сочинуваат 37% од светското население и 57% од „Г20“. Во 2015-та година, во Кина живеат 1,4 милијарди луѓе, а 1,3 милијарди луѓе во Индија.

Групата на „Г20“ ги обединува дваесетте најнапредни економии, вклучувајќи четири членки на ЕУ (Германија, Франција, Италија и Велика Британија), како и 15 други земји – Аргентина, Австралија, Бразил, Канада, Кина, Индија, Индонезија, Јапонија, Мексико, Русија, Саудиска Арабија, Јужна Африка, Јужна Кореја, Турција и САД.