Доколку немате пари, кредитните картички одамна станаа главните средства за плаќање во нашите паричници. Иако скапи, поради високите каматни стапки, ова парче пластика нуди повеќе бенефиции. Најинтересната бенефиција е сигурно плаќање на рати без камата.
Сите кредитни картички функционираат како револвинг кредит со исплата на камата, што значи дека средствата кои се плаќаат месечно, по плаќањето повторно стануваат достапни за трошење.
Улогата на кредитни картички со револвинг кредит се повеќе расте, бидејќи освен што имаме кредит кој се обновува секој месец, имаме можност да ја користите картичката како некогашните класични чекови.
Вкупниот износ на трансакцијата на рати треба да е во рамки на расположливитот кредитен лимит. При самото плаќање имате можност да изберете на колкав број на рати сакате да биде поделен трошокот. Максималниот број на рати на кој може да пазарувате зависи од типот на продажното место. Исто така, самата можност за плаќање на рати се разликува од банка до банка.
Кредитна картичка, со која е овозможено плаќање на рати без камата се доделува првенствено на клиенти кои имаат чиста кредитна историја и кредитно се способни. Она што е потребно да се истакне за секоја трансакција што ние ја делиме на рати, е дека принципот на плаќање на рати без вкаматување важи само во случај ратите кои доспеваат да се плаќаат навремено.
Пример:
Доколку купувате некој производ во вредност од 20.000 денари кај трговец кај кој на влезот или на касата стои ознака дека овозможува продажба на рати, побарајте износот од 20.000 денари да го платите на рати. Трговецот ќе ви понуди број на рати кои ги нуди за тој износ по што вие можете да го изберете бројот што вам ви одговара најдобро. Трговецот ја провлекува картичката на ПОС терминалот и го внесува бројот на ратите, а на вас останува само да го потпишете слипот, на кој има информации за бројот на рати, и со тоа да ја потврдите трансакцијата. Веднаш потоа, банката прави резервација на целиот износ од 20.000 денари од вашата кредитна картичка и месечно на истиот датум ќе доспева 1 рата од износот, како било која друга трансакција, без притоа да се пресметува камата на целиот износ. Со доспевањето на ратата се ослободува тој износ од вкупно резервираниот износ на картичката. Вие, како клиент, немате дополнителни трошоци по однос на плаќањето на рати. Бидејќи трговецот ги добива средствата од трансакцијата без да чека на дополнителни одобрувања, е повеќе мотивиран да ги стимулира клиентите да купуваат на рати и да го подобрува својот процент на продажба.