Овој пакет е наменет за вработени во бонитетни фирми одобрени од страна на Банката, државни службеници согласно со Законот за државни службеници, вработените во образованието, полицијата (вклучително и финансиската полиција), армијата, судството и судиите, кои платата ја примаат или ќе се одлучат да ја префрлат во рок од 3 месеци, на сметка во Банката, вработени на определено во континуитет најмалку 24 месеци пред аплицирање.

ПРОМОТИВНО ДО 31.07.2018 – БЕЗ ПРОВИЗИИ ЗА ОБРАБОТКА ЗА СИТЕ НОВИ ИЗЛОЖЕНОСТИ СО РОК НА ОТПЛАТА ДО 95 МЕСЕЦИ!

 

 

Кредитниот пакет Доверба“ можете да го одберете доколку:

  • сте во редовен работен однос на неопределено време;
  • имате работен стаж во фирмата најмалку 6 месеци пред поднесување на барањето за кредит;
  • сте вработен на определено во континуитет најмалку 12 месеци пред аплицирање;
  • рокот на достасување на кредитот плус возраста на барателот не е повисок од пензиската возраст согласно со законската регулатива на РМ (64 години за мажите и 62 години за жените);
  • при барање за кредит, месечниот приход на барателот (нето-износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, да не е понизок од износот на месечниот ануитет + 5 000 мкд по член од семејството
  • при барање за овердрафт или кредитна картичка месечниот приход (нето износ) намален за сите обврски по основ на кредити или други задолжувања, не е понизок од 5 000 мкд + 10% од одобрениот износ на овердрафтот односно кредитниот лимит на кредитната картичка.

 

Максимален ознос за овој вид на кредит е  1 200 000 МКД со рок на отплата до 120 месеци и  5% фиксна каматна стапка за првите две години.

Повеќе информации на следниов линк.