pej-pal-internet-internet-kupovina-internet-soping-1347136395-206314

Денес преку онлајн продавниците можат да се купат многу работи – од гардероба, обувки, техничка роба, туристички аранжмани и итн.

Сепак, првото нешто што треба да се има на ум е безбедноста.

Ако не сте сигурни од каде купувате, самите себе може да се вовлечете во стапица.

Не само што ќе ги загубите парите туку ги ризикувате и вашите лични информации.

Затоа треба да ги знаете следниве совети при користење на вашата картичка онлајн:

  • На веб страната на која e формуларот каде треба да го внесете бројот на вашата картичка секогаш проверете дали веб адреса започнува со “https”paypal-omnibox
  • Во текот на плаќање, внимателно да ги прочитате сите пораки кои се појавуваат на екранот и никогаш не ги игнорирајте пораките кои се појавуваат на нив или да ги исклучите без читање
  • Никогаш немојте да го внесувате вашиот ПИН-код кога купувате преку интернет. Плаќањето на интернет е различно од подигање пари на банкомат. Ако страната го бара од вас, најверојатно е измама.
  • Картичките исклучиво користете ги на веб-сајтови на големи и познати компании и трговци, бидејќи тие можат да обезбедат соодветна заштита. Ова се авиокомпаниите, аеродромите, сајтови специјализирани во областа на туризмот (како што се e-резервации), големите онлајн продавници (ebay, aliexpress), сајтови за трансфер на пари (paypal, neteller)
  • Податоците од картичката весувајте ги само кога нешто плаќате
  • Не дозволувајте некој да направи копии на вашата картичка. Ова исто така се однесува и на рецепцијата на хотелот каде што престојувате. Не испраќајте копија од картичката преку e-mail
  • Не дозволувајте бројот на картичката и верификационит код да го знае некој друг освен вие самите
  • Не ја користете картичката на сајтови за возрасни
  • Немојте да ја користите картичката на непознати сајтови за игри на среќа
  • Најдобро е да користите дебитна картичка која ќе ви служи само за плаќање на интернет и на сметката на картичката не треба да држите многу пари