Сава осигурување а.д. Скопје отвора позиции за енергични, комуникативни лица кои се подготвени да научат нови вештини во професионална и мотивирачка средина за работа.
Агенти во Секторот за продажба
Работно место:
Агент за продажба во Секторот за продажба во Дирекцијата на САВА осигурување а.д. Скопје, на ул. Загребска 28 А.
- 4 (четворица) извршители
Опис на работното место:
Работното место агент подразбира:
- комуникација со клиенти;
- поддршка на активностите на продажната мрежа;
- компјутерска обработка на податоците и подготовка на извештаи до одговорните;
- извршување на други работни задачи по налог на непосредниот претпоставен.
Квалификации:
- завршено средно образование;
- познавање на работа со компјутер;
- способност за работење како член на тим;
- комуникативност и продажни вештини.
Услови за работа:
- Неполно работно време од 4 часа дневно или вкупно 20 часа неделно, во периодот од 09:00 до 13:00 часот.
- Кандидатите имаат можност за неограничена заработувачка, при што, без разлика на исполнување на таргетот, се исплатува основна нето плата од 6.082,00 денари.
- Секој кандидат е должен да ја организира работата во согласност со тимот, како и таргетите кои му се зададени во текот на работното време.
- Можност за работа и професионален развој во реномирана компанија.
- За избраните кандидати е обезбедена соодветна обука.
Документација:
Заинтересираните да достават кратка биографија и мотивациско писмо до Секторот за општи и правни работи во Сава осигурување а.д. Скопје на ул. Загребска 28 А, по пошта или на е-маил адреса: [email protected]. Пријавата треба да има назнака „Оглас за агент во Секторот за продажба“.
Рокот за пријавување е заклучно со 15.08.2018 година, а по неговото завршување ќе биде извршен избор во законскиот рок во зависност од бројот на пријавени кандидати.