Заштедата на пари може да ви ја отвори вратата за финансиска слобода, а со создавањето на буџет значително се поедноставува тој процес.
Ворен Бафет еднаш рече дека не треба да се штеди она што е останато по трошење, туку да трошите она што е останува после штедење.
Може да се направи чекор напред и автоматски да штедите бидејќи на овој начин можете да ја изградите вашата заштеда без да мислите на неа.
Буџетот ви дава увид во вашата финансиска состојба односно на приливот и одливот на пари, каде што може да се намалат трошоците. Без истиот вашиот пат до финансиска сигурност ќе биде како одење во темница, без јасна идеја каде одите.
- Направете листа на сите ваши приходи – При создавањето на буџетот, важно е да знаете од каде се вашите приходи доаѓаат. Значи треба да направите листа на сите ваши извори на приход. Ако вашата работа е единствениот извор, запишете ја месечната плата. Ако сте самовработен, запишете го вашиот приход од претходната година и поделете го со 12, со цел да се утврди вашиот месечен приход. Доколку имамате други нередовни приходи, како што се бонуси, дивиденди, провизии, вклушете ги и нив во листата. Ако нив ги добивате квартално или годишно, треба да ги поделите со 3 или 12 за да добиете просечна месечна бројка.
- Направете листа на сите ваши расходи – Целта на вашиот буџет е да се следи каде е одливот на вашите пари за да бидете во можност да ги контролирате вашите трошоци. Направете листа на сите ваши потребни месечни трошоци. Во оваа листа треба да бидат вклучени сите сметки што вие плаќате секој месец, како што се стуја, вода, комуналии, намирници, кредитни картички, кредити, автомобилско осигурување, трошоци за превоз итн. Исто така, да се направи листа на нерегуларни трошоци, како што се празници, кино, ресторани. За да се тоа олесни, можете да ги процените овие трошоци во минатото и тогаш вкупната сума поделете ја со 12.
- Одредете ја вредноста на вашата сопственост – Во вредноста на вашата сопственост влегуваат сумата на пари со која располагате како и другите ваши сопствености, како што автомобил или куќа, па се пресметуваат вашите должнички обврски (кредити, кредитни картички и др.) Со одбивање на вредноста од вашата сопственост од вашите обврски ќе добиете јасна слика за вашите финансии.
- Откријте на кои места можете да ги намалите вашите трошоци – Сега кога ја знаете вредноста на вашата сопственост и каде се ги трошите вашите пари, ќе ви биде многу полесно да најдете начин каде можете да ги намалите трошоците за да ви се зголемат вашите заштеди. Размислете во кои области можеби премногу или непотребно трошите. На пример, можете да готвите дома, наместо да одите во ресторан секој ден.
- Користите табела – За да се олесни буџетирањето може да се направи табела со Microsoft Excel или да искористите некоја од програмите кои се во функција за менаџирање на вашите средства. Направете посебна колона за вашите приходи и трошоци и вметнете формула за пресметување на вкупниот збир на истата на крајот на секоја колона. Ако вашата цел е да ги контролирате трошоците за да ја зголемите вашата заштеда, вметнете колона “цел” до колоната за трошоците, со цел да ја согледате разликата помеѓу планираните и реалните трошоци. Тогаш треба да ги направите потребните промени се додека не ги изедначите со вашите целни критериуми. Идеално би било кога би заштеделе најмалку 10% од вашите месечни примања.