Животот се состои од планови за среќа и решавање на проблемите што ќе застанат на патот на нивното остварување. Иднината не можеме да ја предвидиме, но можеме да ја планираме. Инвестирајте во вашата иднина и во иднината на Вашите најблиски.
Со Триглав Осигурување Живот можете да обезбедите сигурна иднина за своите најблиски, а воедно и да заштедите, со добивање назад одреден акумулиран износ на име заштеда, по истекот на осигурениот период.
Дополнителни предности на осигурувањето на живот со штедење:
• Зголемување на осигурената сума;
• Исплата на осигурениот износ во целост, или пак на рати;
• Финансиска помош, во форма на исплата на дел од осигурениот износ, како аванс, при раѓање на дете;
• Заем во висина на откупната вредност
• Мирување на осигурувањето ;
• Можност за откуп на полисата после втора или трета година, во зависност од траењето на осигурувањето;
• Можност за капитализација– престанок на плаќање на премијата додека осигурувањето е активно, со висина на покритие на капитализирана осигурена сума;
• Moжност за винкулација на полисата во корист на банка, или пак друго правно лице.
Многу повеќе прочитајте на следниов линк.