Секој вид на штедење има свои предности и недостатоци и е адаптиран кон штедачите и нивните афинитети. Затоа најважното нешто не е вие да се залетувате по највисоката камата, туку да одредите кој производ најмногу одговара према вашите потреби.
Стандардни видови на штедење
Штедни влогови по видување
На овој начин, парите ви се достапни во секое време. Значи дека можете да ги подигнете секогаш кога ви треба, без трошоци, по каматна стапка која се однесува на валутата во која сте го вложиле депозит.
Предност: Парите ви се секогаш на располагање
Недостаток: Ниски каматни стапки на овој вид на заштеди
Класичен орочен депозит
Средствата ги депонирате во определен период по ваш избор: 1, 3, 6, 12, 24, 36, 48, 60 месеци. Исплатата на камата е по истекот на орочениот период. Орочените средства може се подигнат по истекот на рокот кој сте го избрале.
Предност: Каматните стапки се повисоки и може да се планира заработката
Недостаток: Средствата се заробени во определен рок
Видови на штедење во зависност од валута
Денарско штедење
Каматите за денарско штедење се значително повисоки од штедење во другите валути.
Предност: Каматни стапки кои одат над 5 % на долгорочно орочување
Недостаток: Можноста од промена на девизниот курс и инфлацијата значително може да ги намалат вашите приходи
Девизно штедење
Иако тоа може да биде заштеда во амерички долар, швајцарски франк, австралиски долар, британска фунта, во Македонија поголемиот дел од депозитите се во евра.
Предност: Поголема сигурност
Недостаток: Пониски каматни стапки во однос на штедење во денари
Специфични штедни влогови
Штедни влогови со месечна исплата на камата
Тоа е еден вид на орочен депозит каде што камата се исплаќа месечно. Но поради флексибилноста на исплаќањето на каматата, каматните стапки се пониски во однос на класичното штедење.
Предност; Месечно располагање со износот на каматата
Недостатоци: Пониски каматни стапки во однос на класичен орочен депозит
Иплата на камата однапред
Е исто така вид на орочен депозит каде приходите од камата се исплаќаат веднаш по депонирањето. На пример ова е добро решение за оние кои сакаат да одат на одмор и не сакаат да ја трошат нивната заштеда.
Предност: Се заработува пред истекот на орочениот период
Недостатоци: Пониски каматни стапки во однос на класичен орочен депозит
Колку повеќе вложувате, толку повисока каматна стапка добивате. Освен тоа, периодот на исплаќање е по ваш избор. Со можност за дополнително вложување на истата партија, што значи каматната стапка е скалеста, истата расте и опаѓа во зависнот од износот кој се вложува и од периодот на орочување. Каматата се пресметува месечно или квартално во зависност од договорот.
Предности: Депозитот е секогаш на располагање
Недостатоци: Повеќе се добива на класичен орочен депозит