Преку соопштение на Македонската Берза Жито Лукс АД Скопје објави дека компанијата продолжи да работи профитабилно во втората половина од 2018 год, остварувајки Добивка од редовно работење пред оданочување од 6.963 илјади денари, што е за 30% повисоко од истиот период минатата година.

 

1 Приходи од продажби
Вкупните приходи од продажба се на исто ниво како и минатата година, пораст бележат продажбите на домашен пазар од 1%, додека пак кај странскиот пазар има пад на продажбите од 33%.
2 Трошоци
Трошоците на произведените производи се зголемени за 3%. Зголемените трошоци се резултат на повисоките цени за енергенсите (гас и електрична енергија), како и зголемувањето на цените на некои основни суровини.
Административните трошоци се намалени за 6%, додека трошоците за продажба и маркетинг се зголемени за 2%, поради зголемените активности за рекламирање и промоција.

3 Останати оперативни приходи и расходи
Останатите оперативни приходи се повисоки од минатата година поради еднократен ефект – капитална добивка од продажба на материјално средство, додека вредносното усогласување на нетековни и тековни средства и останати оперативни расходи се на исто ниво како и мината година.

4 Идни аспекти
Менаџментот на компанијата ги продолжува напорите за одржување на позитивниот резултат од првата половина на годината како и за понатамошно подобрување на оперативната добивка и обртниот капитал.

Стратегијата е насочена кон проширување на постојните пазари и навлегување во нови, лансирање на производи со додадена вредност кои ќе ги задоволат специфичните потреби на потрошувачите и силна рекламна покриеност на овие иницијативи.